а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пара

мн. пари
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3737
1. Стоти дел од динарот.
Албански: pare (e qindta)
Употреба: Економија , Историја
Примери:
Сто динари и педесет пари.
2. монета
Англиски: coin Турски: para Албански: monedhë
Употреба: Економија , Разговорно
Примери:
стара пара
сребрена пара, златна пара
3. Четириесетти дел од грошот.
Примери:
Три аспри прават една пара, а четириесет пари прават еден грош.
4. Гасовита состојба што се добива при загревање, при испарување; водена пара.
Англиски: steam Албански: avull
Употреба: Физика
Примери:
заситена пара
Со полна пара - со сета сила.
пара од вода
5. пара од јадење
Англиски: vapor Албански: erë e hajes
Употреба: Гастрономија
Примери:
Мириса на пара од јадењата.
6. парични средства, капитал
Употреба: Економија
7. (во едн.) пари
Англиски: money
Употреба: Економија , Разговорно
Примери:
Останал без пара.
Изрази
(разг.) Две пари му е алот.
Пет пари не дава - ич не му е гајле!
(разг.) Што пара сум потрошил за него!
(разг.) При пара е - има пари.
Не е при пара.
На пари лежат - богати се.
Скапана пара нема - сосема сиромав.
(разг.) Нема ни скршена (пукната) пара.
(посл.) Парата на пара оди.
Убава пара направи - добро заработи.
(посл.) Пуста пара сѐ отвора.
(клетва) Да скиташ како парана!
(посл.) Лекот е за пара, ама кој го знае.
Парата и железна врата отвора.
Става пара врз пара - штеди многу.
Книжна пара - банкнота.
Големи/дебели/добри пари - многу пари.
Крвави/црни пари - тешко спечалени, со мака заработени пари.
Фаќа/вади добра пара - заработува добро.
Ќе падне пара - ќе има добивка.
На пари спие/лежи - има многу пари, богат е.
(Не) е при пари - (нема) има пари.
Пара на пара оди - кој има пак да има, кај богатиот се трупа богатството.
(благослов) Алал нека ви се парите.
(посл.) Среќата со пари не се купува.