гинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Губи живот на неприроден начин.
Примери:
Постојано гинеа луѓе, меѓу нив и деца.
загинат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби живот.
Примери:
Во таа борба загинале тројца партизани.
изгинат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби живот сите до еден, многумина.
Примери:
Таму изгина сите.
испоумрат
Вид збор: Глагол, свршен
За повеќемина - умре во кус временски период.
Примери:
Испоумреа многу луѓе оваа зима.
испоцркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исцрка во голем број, сите.
Примери:
Испоцркавме за вода.
Вид збор: Глагол, свршен
За животни - пцовиса во голем број, сите до едно.
Примери:
Добитокот испцовиса од глад.
истинат
Вид збор: Глагол, свршен
умре
Примери:
Уште не беше истинат, а тие веќе го заборавија.
липсаат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно - пцовиса, умре.
мреат
Вид збор: Глагол, несвршен
Престанува да живее.
Примери:
Дојде време да се мрее.
настрадаат
Вид збор: Глагол, свршен
Насилно изгуби живот.
Примери:
Во авионската несреќа сите настрадале.
паднат
Вид збор: Глагол, свршен
загинува
Примери:
Тие паднаа бранејќи ја татковината.
патуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
умира
Примери:
Ќе патува веќе накај другиот свет.
погинат
Вид збор: Глагол, свршен
Претера во нешто, пропадне, се премори од настојување да постигне нешто.
Примери:
Погине од мерак.
починат
Вид збор: Глагол, свршен
умре
Примери:
Татко ми почина пред пет години.
прекопнат
Вид збор: Глагол, свршен
премали
Примери:
Прекопнав чекајќи те да дојдеш.
Направи нешто по секоја цена, не можејќи да се воздржи.
Вид збор: Глагол, свршен
Умре во моментот.
Примери:
Демек ако не приумре ниту еден од штрајкувачите, случајот ќе биде решен сам од себе.
(се) скапат
Вид збор: Глагол, свршен
Загине, умре од некоја тешка болест или од тешки услови за живот.
Примери:
Ќе скапе в затвор.
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод.) Престанува да живее.
Примери:
Секој ден умираат по дваесет души.
Се наоѓа на умирачка.
Примери:
Готов е ранетиот, умира веќе.
(со предлогот „од“ и „за“) умре
Примери:
Умира од љубов за неа.
уморат
Вид збор: Глагол, свршен
(се умори) се убие, се усмрти
умрат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) Престане да живее, почине.
Српски:
умрети
Албански:
vdes
Бугарски:
умирам
Примери:
Умре од болест.
(непреод.) Со предлогот „од“: покажува дека се почувствувало нешто или дека во голема мера се вршело дејството означено со именката.
Примери:
Денеска умрев од работа.
(непреод.) Со предлогот „за“, „по“: чувствува силна желба за нешто, силно влечење кон нешто.
Примери:
Умре, сиромав, за нова промена (костум).
Вид збор: Глагол, свршен
(се умртви) се убие, се усмрти
услекнат
Вид збор: Глагол, свршен
цркне, пцовиса (за животни)
услекнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
цркнува, пцовисува (за животни)
Примери:
Фатија да му услекнуваат добиците.
цркнат
Вид збор: Глагол, свршен
За животни - умре.
Примери:
Коњот му црква одненадеж.
пукне, умре
Примери:
Цркна додека не ја исполни задачата.