печалба
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3217
1.
Напуштање на татковината за подобар живот во туѓина.
Примери:
(разг.) Оди на печалба.
И камен на шија полесно се носи од пустата печалба!
2.
заработка
Примери:
Имале голема печалба.
Печалбата на дуќанот оваа година беше лоша.
3.
добивка
Примери:
На лутрија имаше печалба.
4.
профит
Примери:
На печалбата се плаќа данок.