плеска
плескаат; плескал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8788
1.
Удри по нешто плоскато, широко по површина, при што се слуша плесок.
Примери:
Со пиралката плеска по алиштата ставени на каменот крај реката.
Домаќинката рутински го плескаше лебот со раце неколку минути.
Децата весело плескаа по водата.
2.
Удира шлаканици, тепа некого предизвикувајќи плесок.
Примери:
Секогаш кога ќе стори нешто лошо, таа силно го плеска детето со шлаканици по лицето.
Тој секојдневно ги плеска жената и децата и се фали дека е некој маж.
Што ако го плескаат секој ден, кога ни слуша, ни разбира.
Слично со:
тепа (несв.)
3.
Удира дланка со дланка во знак на одобрување, одушевеност, восхит и сл.
Англиски:
applaud
Албански:
duartrokas
Публиката долго му плескаше на пијанистот, а тој се поклонуваше.
Кога ги слушнаа резултатите од жирито, насобраните силно плескаа и се радуваа.
Слично со:
ракоплеска (несв.)
4.
Зборува глупости; не го контролира своето зборување.
Примери:
Таа плеска нешто без врска и не внимава пред кого и каде.
5.
(се плеска) Се удира по дел од телото (образи и сл.)
Примери:
Девојчето се плескаше по образите за да зацрвенат.
Изведенки
плескање ср.
глаг. им.
глаг. им.