плод
мн. плодови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1182
1.
Сиот род на едно растение што се користи за јадење.
Примери:
Старата круша уште дава плод.
Слично со:
род (м.)
2.
(само едн.) Кај растение орган што се развива од цветот и содржи семе.
Примери:
Плодот на јаболкницата, крушата, сливата.
3.
Кај човек и животно, обично цицач - зародок, ембрион.
Примери:
Плодот во мајкината утроба.
Слично со:
ембрион (м.)
4.
резултат
Примери:
Тоа е плод на неговиот долгогодишен труд.
Првите плодови од неговата активност се тука.
Плод на фантазијата.
Ги собира плодовите на својата работа.
Слично со:
резултат (м.)
Изрази
(разг.) Забранет плод.
(разг.) Даде плод - даде резултат.