поврзе
поврзе, поврзат; поврзи, поврзете; поврзав, поврзаа; поврзал; поврзан; поврзев, поврзеа; поврзел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3102
1.
Врзе, спои, соедини едно со друго.
Примери:
Ги поврза жиците и светилките светнаа.
2.
Воспостави сообраќајна врска меѓу населени места.
Примери:
Камениот мост ги поврзува двата дела од градот.
3.
Овозможи некому врска, контакт на некаков начин.
Примери:
Поврзете ме, ве молам, со одговорниот.
Слично со:
контактира (св. и несв.)
4.
Установи врска меѓу одделни појави, доведе во врска едно со друго.
Примери:
Успеа да ги поврзе сите елементи во една целина.
Слично со:
сврзе (св.)
5.
(се поврзе) Стапи во врска, оствари контакт еден со друг.
Англиски:
ring
Албански:
lidh, fut në rreth
Еве, пак ѕвонам по телефон и не можам да се поврзам.
Изведенки
1.
поврзува несв.
(се) поврзуваат
(се) поврзуваат
2.
поврзување ср.
глаг. им.
глаг. им.