погуби
погубат; погубил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13003
1.
Лиши од живот некого.
Примери:
Го ограбиле и го погубиле.
Заробените ги погубиле предзори.
2.
Изврши смртна казна со примена на судска пресуда според закон.
Примери:
Карпош бил погубен на Камениот мост.
3.
Доведе до пропаст, до уништување.
Примери:
Вас неработењето ќе ве погуби.
По неа младоста си ја погубил.
4.
(се погуби) се уништи, се упропасти, пропадне
Примери:
Кутриот, се погубил од работа.
Се погуби трчајќи по пари.
Изведенки
1.
погубува несв.
(се) погубуваат
(се) погубуваат
2.
погубување ср.
глаг. им.
глаг. им.