подврзе
подврзат; подврзи, подврзете; подврзав, подврзаа; подврзал; подврзан; (ќе) подврзев, (ќе) подврзеа; (ќе) подврзел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14683
1.
Врзе, со врвца стегне, затвори нешто да не се растури, да не може да излезе содржината.
Примери:
Работниците ги подврзаа вреќите и ги наредија крај ѕидот.
2.
За папочна врвца - заврзе.
Примери:
Бабицата му го пресече папочето и го подврза.
Слично со:
врзе (св.)
3.
За конец - врзе на крајот.
Примери:
Девојчето го вдена конецот, го подврза и почна да везе.
4.
За книга - направи корици на книга.
Примери:
Трите тома од записите ги подврзавме со кожа.
Слично со:
укоричи (св.)
5.
Обврзе со нешто, задолжи.
Примери:
Таа го подврзала уште мал, го ветила во богата куќа.
Сите ве подврзал, земате пари на заем од него, затоа го браните.
6.
(се подврзе) Се врзе на несоодветно место.
Примери:
Конецот се подврза и се скина.
7.
(се подврзе) Се врзе со договор, со збор.
Примери:
Се подврзал со договор за имотот.
Слично со:
гарантира (св. и несв.)
Изведенки
1.
подврзува несв.
(се) подврзуваат
(се) подврзуваат
2.
подврзување ср.
глаг. им.
глаг. им.