подзапне
подзапнат; подзапни, подзапнете, подзапнав, подзапнаа, подзапнал, (ќе) подзапнев, (ќе) подзапнеа, (ќе) подзапнел, подзапнат
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Запне малку, донекаде.
Англиски:
strain
Работата малку подзапна.
Преговорите подзапнаа уште на почетокот.
Слично со:
помачи (св.)
2.
Се напрегне малку, вложи напор, донекаде.
Англиски:
strain
Таа подзапна на крајот и го положи испитот.
3.
Затегне, доведе нешто во состојба на затегнатост.
Го подзапнаа јажето и го извлекоа возилото од јазот.
Слично со:
затегне (св.)
4.
(се подзапне) Запре, наиде на пречка при движење.
Ралото се подзапна на еден камен.
Слично со:
запре (св.)
5.
(се подзапне) Се напрегне малку, вложи напор, донекаде.
Тој се подзапна и го заврши факултетот во рекордно време.
Изведенки
подзапнува несв.
(се) подзапнуваат
(се) подзапнуваат