поклопи
поклопат; поклопен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5049
1.
Покрие со поклопка, со капак.
Примери:
Таа го поклопи тенџерето со храна.
Ги поклопи садовите за храна.
Слично со:
покрие (св.)
2.
Прекрие цела површина за нешто.
Примери:
Пирејот поклопи цела една страна.
Темна магла го поклопи полето.
Неговата голема рака ја поклопи нејзината.
Слично со:
прекрие (св.)
3.
Зафати, опфаќа и стави во споредна позиција.
Примери:
Таа со својата иронија го поклопи момчето.
Неговата дрскост ги поклопи сите.
Слично со:
опфати (св.)
4.
(се поклопи) Се одвива нешто во исто време или нешто се појавува истовремено.
Примери:
Неколку настани се поклопија.
Овој празник се поклопи со моето заминување.
Мислењата им се поклопија за ова прашање.
5.
(се поклопи) се покрие, се прекрие
Примери:
Се поклопи со еден бел чаршаф.
Изведенки
1.
поклопува несв.
(се) поклопуваат
(се) поклопуваат
2.
поклопување несв.
глаг. им.
глаг. им.