полее
полеат; полеј, полејте; полеав, полеаја; полеал, полеан; (ќе) полеев, (ќе) полееја; (ќе) полеел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10204
1.
Плисне, разлее течност.
Англиски:
splash
Албански:
stërpik, ujis
Рано наутро ги полеаја улиците.
Чуварот ја полеал улицата со вода.
Слично со:
плисне (св.)
2.
Потури вода за измивање.
Примери:
Таа им полеа вода на гостите за да ги измијат рацете.
3.
навади
Примери:
Цвеќињата ќе свенат ако не ги полеат.
Утре соседите ќе ги полеат цвеќињата.
Слично со:
навади (св.)