а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плисне

плиснат; плисни, плиснете; плиснав, плиснаа; плиснал; плиснат; плиснев, плиснеа; плиснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7759
1. Излее, блисне течност со силен замав.
Англиски: splash Албански: hedh
Примери:
Жената плисна неколку кофи вода врз подот.
Го плисна соговорникот со чаша вино в лице.
2. Блисне вода врз делови од телото или врз човек општо.
Англиски: splash Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го плисна коњот со кофа вода.
3. За дожд - почне силно да врне.
Англиски: splash Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Уште на вториот километар се стемни и дожд плисна од небото.
4. За бран, езеро, море, река.
Англиски: splash Албански: hedh
Примери:
Бранот го плисна бротчето и го преврте.
Водата ги плисна камењата.
5. (за чувства) Разлее како вода, како бран.
Англиски: spill Албански: derdh
Употреба: Поетски збор , Преносно значење
Примери:
Топлина го плисна во лицето.
Тој плисна омраза.
6. (за светлина) разлее
Англиски: spill Албански: hapërdaj
Употреба: Поетски збор , Преносно значење
Примери:
Сончевите зраци плиснаа по ридовите.
7. (се плисна) Се прсне себеси со вода.
Англиски: splash Албански: hedh
Примери:
Се плисна во лицето надве-натри.
Тој се плисна со студена вода за да се расони.
8. (се плисна) Се блисне течност од некаков сад.
Англиски: spill Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
На жената и се плисна млеко од ведрото додека го креваше на масата.