помрачи
помрачат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 25235
1.
Направи да биде мрачен.
Примери:
Пепелот од вулканот го помрачи сонцето.
Тогаш облаците го помрачиле небото.
Слично со:
затемни (св.)
2.
Одземе или намали важност, углед, слава и сл.
Примери:
Неуспехот на филмот ја помрачи славата на популарната актерка.
Слично со:
намали (св.)
3.
Намали или помати радост, среќа, задоволство и сл.
Албански:
zvogëloj
Тој настан им ја помрачи радоста на сите.
4.
(се помрачи) Стане мрачен, нејасен, темен.
Слично со:
стемни (св.)
5.
(се помрачи) Изгуби способност за здраво расудување.
Примери:
Свеста ѝ се помрачи и никогаш повеќе не се поврати.
По тие настани умот му се помрачи.
Слично со:
полуди (св.)
Изведенки
помрачува несв.
(се) помрачуваат
(се) помрачуваат