понесе
понесат; понеси, понесете; понесов, понесоа; понесол, понел; (ќе) понесев, (ќе) понесеа; (ќе) понесел, (ќе) понел; понесен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2303
1.
Тргна носејќи нешто со себе; земе за раце или подигне нешто и тргне во определен правец.
Англиски:
carry
Албански:
marr, mbart
Ќе понесеше јадење и цел ден остануваше во својата нива.
Тој им набројуваше кои работи да ги понесат.
Тој го фати под мишка и го понесе.
Го крена детето заспано и го понесе дома.
2.
За вода, ветар - повлече, однесе со себе некого, нешто со силата на движење.
Англиски:
drag
Албански:
mbart, tërheq
Ветрот ненадејно го понесе детското летало.
Слично со:
повлече (св.)
3.
Земе на себе (задача, одговорност), преземе, поднесе.
Примери:
Таа постојано одговараше дека е уште премногу млада за да го понесе врз себе бремето на брачниот живот.
Ајде да не го товариме, не ќе може да го понесе товарот.
Така тој најде ближен што го понесе на плеќи сето она што може да му го влее лутината.
4.
Добие, заслужи награда и сл.
Примери:
Тоа е довојката која во неделата вечер на гала церемонија ја понесе титулата Мис на светот.
Нивниот ансамбл ја понесе наградата за најдобро уметничко остварување.
Тој ја понесе славата на друг човек.
5.
Опфати, обземе некого нешто.
Примери:
Се стрча, срипа, го понесе паника.
Тука го подзеде, го понесе турканицата, го исфрли во луѓето.
6.
занесе, опие
Англиски:
carry away
Албански:
marr, deh
Се пушташе да го понесе таа сладосна замреност.
Сонот за миг ја обзеде и понесе.
7.
(се понесе) За звук - брзо рашири, се разнесе.
Примери:
Насекаде се понесе милозвучната песна на птицата.
Изведенки
понесува несв.
(се) понесуваат
(се) понесуваат