а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

попречи

попречат; попречил; попречен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7604
Спречи некого во намерите; стави пречка, оневозможи нешто да изврши.
Англиски: hinder
Примери:
Очигледно е дека одбраната ги користи сите средства за да го одолговлече судењето или да го попречи докажувањето на убиството.
Дождовите попречија да се собере од нивата житото.
Сепак тој може да ни попречи и сите планови да ни се изјаловат.
Изведенки
1. попречува несв.
попречуваат
2. попречување ср.
глаг. им.