пораздели
Види и:
раздели (св.)
поразделат
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Раздели, подели нешто во некоја мера, во некој степен.
Примери:
Тренерот ги пораздели играчите во групи.
2.
Распредели, даде секому по дел (наследство).
Примери:
Тој им ја пораздели нивата на синовите.
3.
Оддели малку еден од друг, раздвои во некој степен.
Примери:
Никој не можеше да ги пораздели скараните.
4.
Разедини малку, во некој степен.
Примери:
Постојано се обидуваше да ги пораздели членовите на групата.
5.
(се пораздели) Се раздели, се радвои малку, во некој степен.
Примери:
По школувањето, групата се пораздели.
Изведенки
поразделува несв.
(се) поразделуваат
(се) поразделуваат