порасне
пораснат; порасни, пораснете; пораснаа; пораснал; пораснат; пораснев, пораснеа; пораснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1776
1.
Стане голем, висок по раст.
Примери:
Тој порасна, се извиши и стана голем колку една топола.
2.
Достигне зрелост; стане голем на врст.
Примери:
Taа уште не беше сакала никого, а веќе беше порасната.
Моите беа имотни и кога пораснав, се школував во голем град.
Слично со:
созрее (св.)
3.
Помине детство, момчештво некаде или во определено окружување, услови.
Албански:
fëmijrinë
Јас сум в чаршија пораснат.
4.
За брада, коса, растение - никне, расне.
Примери:
Брадата ми пораснала, треба да одам на бербер.
Пролетта пораснала убава и зелена трева.
Слично со:
никне (св.)
5.
Се наголеми, нарасне по број, степен или интензитет.
Примери:
Вардар, по обилните дождови, многу пораснал.
Борбената свест во нашите широки народни маси порасна.
Кога тргнаа претпазливо низ шумата, стравот порасна.
6.
Добие поголема вредност, се издигне.
Примери:
Неговиот авторитет порасна по првите објавени написи во весникот.
7.
Одгледа некого до израснување.
Примери:
Ги изгледавме децата, ги пораснавме.
Изрази
Голем(а) да пораснеш - при искажување благодарност кон дете.
Крила му пораснаа - започне нешто со голем полет, занес, одушевување.
Му пораснаа акциите - добие голема важност, заземе висока положба, функција.
Порасне во нечии очи - стекне голема важност, углед кај некого.
Изведенки
1.
пораснува несв.
пораснуваат
пораснуваат
2.
пораснување ср.
глаг. им.
глаг. им.