посветен
Види и:
посвети (св.)
посветени
Вид збор: Придавка
Ранг: 4298
1.
Што е предаден, верен на некого или на нешто.
Англиски:
dedicated
Албански:
i dedikuar, i kushtuar
Тој е целосно посветен на работата.
Слично со:
верен (прид.)
2.
За уметнички и научни трудови - што обработува определен проблем.
Англиски:
dedicated
Албански:
i dedikuar, i kushtuar
Трудот е посветен на прашања од биохемијата.
Слично со:
определен (прид.)
3.
За творба - што изразува почит, љубов, благодарност.
Англиски:
dedicated
Албански:
i dedikuar, i kushtuar
Речникот е посветен на татко ми.
4.
Што е добро запознаен со нешто, упатен во нешто тајно.
Тоа беше вистинска тајна во која беа посветени само тој, неговиот син и никој друг.
Слично со:
упатен (прид.)
Изведенки
посветеност ж.
Пример: Целосна посветеност во борбата против организираниот криминал.
Пример: Целосна посветеност во борбата против организираниот криминал.