посипе
посипат; посипи, посипете; посипав, посипаа; посипал; посипан; (ќе) посипев, (ќе) посипеа; (ќе) посипел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14590
1.
Со сипење прекрие некаква површина со нешто што се сипе (шеќер, брашно, песок).
Англиски:
spread
Албански:
shtrij, hedh
Дворот беше посипан со ситен дробен камен.
Кифличките ги посипа со шеќер.
Патеката ја посипа со ситен чакал.
2.
Полие со течност, потури.
Примери:
Жената ја подигна кофата и му посипа вода за да се измие.
Слично со:
потури (св.)
4.
(се посипе) Густо или делумно се прекрие со нешто.
Примери:
Небото се посипа со ѕвезди.
Челото му се посипа со капки пот.
Изрази
(пејор.) Се посипа со пепел - се покае, јавно признае (обично неискрено, лицемерно) вина за нешто.
Изведенки
1.
посипува несв.
(се) посипуваат
(се) посипуваат
2.
посипување ср.
глаг. им.
глаг. им.