а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пост

мн. пости
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8406
1. Воздржување на верниците од мрсни јадења во определени денови.
Англиски: fast Албански: agjëron
Употреба: Црковен термин
Примери:
Последните години ги поминаа во пост и молитва.
2. Период кога се пости.
Англиски: Lent Албански: koha agjërimit
Употреба: Религија
Примери:
Велигденски пости
Божиќни пости
3. Воздржување од претерано уживање во некакви задоволства.
Англиски: restraining Албански: kufizues
Употреба: Преносно значење , Разговорно
4. Место од каде што се набљудува, стражарско место.
Англиски: post Албански: vend vështrimi
Употреба: Воен термин , Ретко
Примери:
Тој го напушти постот на претстражата.
Тука е првиот ешалон, секогаш на постот.
5. Одговорно важно место.
Англиски: position Албански: pozicion
6. Текст објавен на интернет.
Англиски: post
Употреба: Информатика
Примери:
пост на Фејсбук
Изрази
(посл.) Дојде гост, растури пост.