поткрене
поткренат; поткрени, поткренете; поткренав, поткренаа; поткренал; поткренат; поткренев, поткренеа; поткренел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2446
1.
Крене, подигне малку.
Примери:
Тој ја поткрена ногавицата и му ја покажа лузната.
Слично со:
подигне (св.)
2.
Оправи, врати сила, здравје некому.
Англиски:
strengthen
Албански:
përforcoj
Појадокот малку го поткрена.
Слично со:
зајакне (св.)
3.
(се поткрене) Се подигне малку.
Примери:
Се поткрена малце на колена.
4.
(се поткрене) Се оправи, оздрави, закрепне малку по болест.
Примери:
Се поткрена малку од болеста.
Слично со:
оздрави (св.)
5.
(се поткрене) Закрепне малку материјално.
Англиски:
strengthen
Албански:
përforcoj
Фирмата беше скоро пропадната и дури сега се поткренаа.
Изведенки
1.
поткренува несв.
(се) поткренуваат
(се) поткренуваат
2.
поткренување ср.