а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

празен

празни
Вид збор: Придавка
Ранг: 573
1. Што не е исполнет, наполнет со нешто.
Англиски: empty Албански: bosh, i zbrazët
Примери:
празен амбар
празна чаша
празна кутија
празно шише
2. Непополнет, што е без текст.
Англиски: empty Албански: bosh, i zbrazët
Примери:
празен лист
празен формулар
празна тетратка
3. Ненатоварен со нешто, што е без товар.
Англиски: empty Албански: i pangarkuar
Примери:
празен камион
празни вагони
празни коњи
4. Ненаселен, во кој не живее никој, во кој нема никој.
Англиски: uninhabited Албански: i pabanuar
Примери:
празен град
празно село
празни улици
5. Незафатен со нешто, запоседнат од некого.
Англиски: free Албански: i zbrazët
Примери:
празен кревет
празен стан
празна куќа
празно место
6. Што нема волја, желба за работа.
Примери:
Не стој празен, фати се за работа!
7. Што нема значење, важност.
Англиски: unimportant
Употреба: Преносно значење
Примери:
празен разговор
празни зборови
празни ветувања
8. залуден, пуст
Англиски: useless Албански: i kotë
Примери:
празна надеж
празна работа
празна иднина
9. неплоден, пуст
Англиски: fruitless Албански: i zbrazët
Примери:
празна земја
празно поле
10. За поглед, очи - што е безизразен.
Англиски: dull Албански: bosh
Примери:
празен поглед
празни очи
11. Што е без знаци на живот, што е неподвижен.
Англиски: silent
Примери:
празен простор
празна темнина
12. сам, тажен
Англиски: lonesome Албански: i vetmuar
Примери:
Се чувствува празна.
Остане со празна душа.
13. лекомислен, ограничен
Англиски: stupid Албански: i trashë
Примери:
празна глава
празни луѓе
14. За ден, термин - што е слободен.
Англиски: free Албански: i zbrazët, bosh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Немам ниту еден празен ден во неделата.
Изрази
На празен стомак - гладен.
Дојде со празни раце - не донесе ништо.
Остана со празни раце - не доби ништо.
Меле како празна воденица - зборува без прекин.
Дроби празна слама - зборува глупости.
Изведенки
празност ж.