преведе
преведат; преведи, преведете; превел, преведоа; преведев, преведеа; преведел; преведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3651
1.
Водејќи некого преку, низ некој простор, помине, премине од една страна на друга.
Англиски:
cross
Албански:
kaloj, kapërcej
Ги преведе децата преку улица.
Рибарот нѐ преведе преку езерото.
Слично со:
премине (св.)
2.
Изврши превод, предаде текст од еден јазик на друг.
Примери:
Самиот ја превел песната на руски јазик.
3.
Префрли пари (од една сметка на друга) по пошта, во банка.
Примери:
Тој ги преведе парите по пошта.
Слично со:
префрли (св.)
4.
Пренесе имот (куќа, нива) од едно лице на друго.
Примери:
Им ја преведоа куќата на младите веднаш по свадбата.
Слично со:
пренесе (св.)
5.
Унапреди во повисок разред, чин.
Слично со:
унапреди (св.)
Изведенки
1.
преведува несв.
преведуваат
преведуваат
2.
преведување ср.
глаг. им.
глаг. им.