а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прероди

преродат; преродил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 30214
1. Направи повторно активен, врати во нов живот.
Англиски: reincarnate Албански: ringjallë, rimishëroj
Примери:
Надежта ги прероди сите.
2. Роди изобилно род.
Англиски: bear Албански: bereqet i tepërt
Употреба: Ретко
Примери:
Овошките оваа година преродија.
3. (се прероди) Се преобрази, стане поинаков.
Англиски: change Албански: ndryshoj, bëhem ndryshe
Примери:
Му се стори ќерка му како да се прероди.
4. Во верувањата - повторно се роди.
Англиски: reincarnate Албански: reinkarnim
Употреба: Религија
Примери:
На четириесет дни ќе се преродело и ќе пораснело.
Изведенки
1. преродува несв.
(се) преродуваат
2. преродување ср.
глаг. им.
3. прераѓа несв.
(се) прераѓаат
4. прераѓање ср.
глаг. им.