престигне
престигнат; престигни, престигнете; престигнав, престигнаа; престигнал; престигнат; престигнев, престигнеа; престигнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9723
1.
При движење (одење, возење) престаса, остави зад себе некого или нешто.
Примери:
Тој се зачуди кога побрзала и го престигнала.
Слично со:
престаса (св.)
2.
Стаса, подигне да направи нешто навреме.
Примери:
Таа не можеше да престигне со разнесување пијачка и кафе.
3.
Има во изобилство, повеќе од потребното.
Примери:
Храна стигна и престигна.
Слично со:
задоволи (св.)
Изведенки
1.
престигнува несв.
престигнуваат
престигнуваат
2.
престигнување ср.
глаг. им.
глаг. им.