претовари
претоварат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 33330
1.
Натовари премногу, повеќе што може да носи, да издржи.
Англиски:
overload
Албански:
mbingarkoj
Коњот беше претоварен со стока за на пазар.
2.
Оптовари некого со обемна, тешка работа, зададе некому многу должности, задолженија и сл.
Примери:
Шефот го претовари со задолженија.
3.
Премести товар од едно место на друго.
Примери:
Овошјето од кошевите го претовари во гајби.
4.
Повторно, поинаку натовари нешто.
Примери:
Тој ги претовари кутиите за да ги собере во багажникот.
5.
За коњ, магаре, товарно животно - отфрли тоа што е товарено.
6.
(се претовари) Се натовари повеќе отколку што може да носи.
Англиски:
overload
Албански:
mbingarkoj
Купи сè што му порачаа, се претовари и мораше да викне такси.
7.
(се претовари) Се оптовари со обемна, тешка работа, прифати многу должности, задолженија.
Примери:
Не претоварувај се премногу со должности.
8.
(се претовари) За товарно животно - се ослободи од тоа со што е товарено.
Изведенки
1.
претоварува несв.
(се) претоваруваат
(се) претоваруваат
2.
претоварување ср.
глаг. им.
глаг. им.