пречека
пречекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1342
1.
Поздрави некого при доаѓање, излезе во пресрет.
Англиски:
greet
Албански:
pres, takon
Срдечно ги пречека гостите.
Излезе на врата да ги пречека.
2.
Дофати, прими в раце.
Англиски:
catch
Албански:
pranoj, kap
Ти фрли го клучот од балконот, јас долу ќе го пречекам.
Слично со:
дофати (св.)
Изведенки
1.
пречекува несв.
пречекуваат
пречекуваат
2.
пречекување ср.
глаг. им.
глаг. им.