придаде
придадат; придај, придајте; придадов, придадоа; придал; (ќе) придадев, (ќе) придадеа; (ќе) придадел; придаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9793
1.
Додаде кон нешто уште малку.
Примери:
Ќе ми придадеш уште некоја пара?
2.
Додаде, приклучи нешто кон поголема целина.
Примери:
Ним ќе им придадеш двајца работници.
Кон ова треба да се придадат и материјалите умножувани на машина.
3.
Додаде нешто кон исказ, текст; дополни, се доискаже.
Примери:
Тој ѝ придаде на својата теорија некои нови сознанија.
Авторот на рефератот придаде уште неколку размислувања кон своето излагање.
4.
Нададе, продолжи нешто.
Англиски:
attach
Албански:
shtoj, bashkangjes
Ја придаде врвката и го врза пакетот.
Шивачката го придаде кусото здолниште на девојчето.
5.
Даде некое својство, вкус.
Примери:
Лимоновиот сок ѝ придаде киселкав вкус на чорбата.
6.
Припише смисла, значење, важност.
Англиски:
attach
Албански:
shtoj, bashkangjes
На последните зборови им придаде особено значење, важност.
Изрази
Господ да придаде - обично по завршување на ручек, вечера; желба за побогата трпеза.
Изведенки
1.
придава несв.
(се) придаваат
(се) придаваат
2.
придавање ср.
глаг. им.
глаг. им.