а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

притесни

притеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 34150
1. Стесни, намали простор за живеење, доведе во тесно.
Англиски: tighten Албански: ngushtoj
Примери:
Вечерва ве притеснивме, ама утре пак сте на широко.
2. Врши притисок врз некого да признае нешто или да се согласи со нешто.
Англиски: pressure Албански: ngushtoj, bëj presion
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Притесни го и се ќе каже.
3. (се притесни) Се чувствува непријатно, се стега, се срами.
Англиски: inhibit, hinder Албански: ngushtohem, turprohem
Изрази
Притесни (некого) до ѕид - го стави во непријатна положба без можност а избор.
Изведенки
1. притеснува несв.
(се) притеснуваат
Пример: Таа се притеснуваше пред гостите.
2. притеснување ср.
глаг. им.