пријатен
пријатни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1886
1.
Што дава, што предизвикува задоволство, уживање.
Англиски:
pleasant
Низ прозорецот се слушаа пријатните звуци на некоја мелодија.
Од кујната доаѓаше пријатна миризба.
пријатен разговор, пријатно чувство
пријатен амбиент
Спротивно од:
непријатен (прид.)
2.
привлечен, симпатичен
Англиски:
attractive
Некои го сметаа за пријатен човек, иако малку вообразен.
Тој беше млад човек, со пријатна надворешност.
Изрази
Пријатен ручек - добар апетит!
Пријатна работа!
Пријатна прошетка! - убав помин.
Изведенки
пријатност ж.