а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проретчи

проретчат; проретчен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19738
1. Направи да биде поретко.
Англиски: rarefy Албански: rralloj
Примери:
Го проретчи расадот.
2. Стане поредок.
Англиски: weaken Албански: më i rrallë
Примери:
Трската проретчи.
3. (се проретчи) Стане поредок.
Англиски: thin Албански: i rrallë, i hollë
Примери:
Косата веќе ми се проретчила.
Шумата се проретчила.
Дивите кози се проретчиле послениве години.
Изведенки
1. проретчува несв.
(се) проретчуваат
2. проретчување ср.
глаг. им.