простира
Види и:
простре (св.)
простираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6711
1.
Постила на некој простор, најчесто како легло.
Примери:
Тој простира на подот една рогозина и на неа спие.
Слично со:
постила (несв.)
2.
Стави алишта, ткаенини да се сушат.
Примери:
Жената ги простираше белите чаршафи на жиците во дворот.
3.
(се простира) Се протега на некоја површина.
Англиски:
extend
Албански:
përhap, zgjas
Нивата се простира сѐ до реката.
Зад куќата се простира убав овоштарник.
Слично со:
протега (несв.)
4.
(се простира) За власт, влијание - дејствува на некоја територија.
Примери:
Неговата власт се простирала сѐ до морето.
Изведенки
простирање ср.
глаг. им.
глаг. им.