простре
прострат; простри, прострете; прострев, простреа; прострел; прострен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20875
1.
Рашири за да покрие поголем простор.
Примери:
Простре слама по подот и сите исполегнаа.
Го простре килимчето наземи.
2.
Обеси, рашири алишта за да се сушат.
Примери:
Ги простре алиштата на жиците во дворот да се сушат.
3.
Протегне нешто нашироко да опфати што поголема површина.
Примери:
Лозницата ги прострела своите ластари низ целиот двор.
Слично со:
протегне (св.)
4.
Со удар направи некој да се протегне на некоја површина.
Примери:
Го прострел наземи колку што е долг и широк.
5.
(се простре) Се протега на некоја површина.
Примери:
По реката се прострела густа магла.
6.
(се простре) Легне, падне спружен.
Примери:
Се прострел на подот колку што е голем.
Слично со:
легне (св.)