а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разложи

разложат; разложил; разложен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 36822
1. Раздели на составни делови, елементи.
Англиски: decompose Албански: zbërthej
Примери:
Ја разложи силата.
2. Разруши опорите на нешто.
Англиски: destroy Албански: prish
Употреба: Разговорно
Примери:
Насочени да ја разложат организацијата однатре.
3. Изнесе разлози, растолкува.
Англиски: explain Албански: shpjegim
Примери:
Не му дадоа да разложи што мисли со тоа.
4. (се разложи) Раздели се на составните делови, елементи.
Англиски: decompose Албански: zbërthej
Примери:
Водата ќе се разложи на кислород и водород.
5. (се разложи) Подложи на гниење.
Англиски: decay Албански: nënshtroj
Употреба: Екологија
Примери:
Од мразот не можеше да се разложи мршата.
6. Расчисти, изгасне (кога треба да се угасне огнот).
Англиски: extinguish Албански: shuan
Примери:
Ракијата истече, ајде да го разложиме казанот.