разјасни
разјаснат; разјаснил; разјаснет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4642
1.
Направи нешто да стане јасно, поимливо, разбирливо, осветли, објасни.
Англиски:
explain
Албански:
sqaroj, spjegoj
Не можеше ни сам да си разјасни како стана тоа.
Го разјасни прашањето.
Слично со:
објасни (св.)
2.
За небо, време - направи да стане јасен.
Англиски:
clear up
Албански:
kthjellohet
Само ветре да се јави, брзо ќе го разјасни небото.
3.
(се разјасни) За небо, време - стане јасен, бистар, ведар.
Англиски:
clear up
Албански:
kthjellohet
Се разјасни небото.
4.
(се разјасни) Стане јасен, се разбистри.
Англиски:
explain
Албански:
qartësohet
Дури тогаш малку се разјасни состојбата.