а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расне

раснат; расни, раснете; раснев, раснеа; раснел, раснет; раснејќи; раснав, раснаа; раснал; раснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5097
1. Станува поголем, повисок.
Англиски: grow
Примери:
Бебето расне многу бргу.
2. Созрее, достигне зрелост.
Англиски: mature
Примери:
Денес девојчињата рано раснат.
3. Мине определен период од животот.
Примери:
Раснев кај баба ми.
4. Вирее, успешно опстојува.
Англиски: grow
Примери:
Крај реката раснат врби.
5. За коса, брада, нокти - станува подолго, побујно.
Англиски: grow
Примери:
Ноктите раснат за неколку дена.
6. Нараснува, се наголемува, според количество интензитет, моќ.
Англиски: grow
Примери:
Притисокот ми расне.
7. Добива поголема вредност, станува поважен.
Англиски: grow
Примери:
Тој раснеше во кариерата.