расправи
расправат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13528
1.
Со зборови, усно изложи, раскаже.
Англиски:
explain
Албански:
rrëfej, shpjegoj
И детето му расправи збор по збор.
Да ви го расправам случајот.
2.
Уреди нешто што се замрсило - коса и сл.
Англиски:
untie
Албански:
rregulloj, zgjidh
Чекајте да си ја расправам косата.
3.
Претресе некое прашање.
Англиски:
discuss
Албански:
diskutoj, sqaroj
Го расправивме најпосле тој проблем.
4.
За време - расчисти.
Англиски:
clear
Албански:
kthjelloj, çel
Ветерот ќе го расправи времето.
Дворот да го расправи.
5.
За пат - раскопачи, отвори.
Примери:
Му го расправи патот татко му.
6.
(се расправи) Влезе во расправија; се пресмета.
Примери:
Сами, пријателски си се расправивме.
Ќе се расправиме некогаш убаво јас и ти.