а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

растопи

растопат; растопил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12628
1. Доведе нешто замрзнато, некое тврдо тело во течна состојба.
Англиски: melt Албански: shkrihet
Примери:
Огреа сонце и го растопи снегот.
Полека, ќе го растопиш восокот.
2. разнежи, наговори
Англиски: persuade Албански: bind
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе го растопи и неговото камено срце.
3. (се растопи) За нешто замрзнато или што е во тврда состојба - мине во течна состојба.
Англиски: melt Албански: shkrihet
Примери:
Мразот се растопи.
Каменот студен ќе се растопи.
4. (се растопи) се разнежи
Англиски: melt Албански: shkrihet
Примери:
Душата ќе му се растопи.