а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

реже

режат; режи; режете; режев, режеа; режел; режен; режејќи; режав, режаа; режал; режан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 17257
1. Сече со некое остро орудие на делови; одделува од нешто цело.
Англиски: cut Српски: резати Албански: prej Бугарски: режа
Примери:
Режеше леб и сланина.
Може да реже и метал.
Реже дрва.
2. За лозје и дрвја - кастри.
Англиски: prune Албански: pres
Примери:
Кога ќе ги режат лозјата.
3. Изработува резба, дела, делка.
Англиски: carve Албански: ndërtoj
Примери:
Тој го режеше иконостасот.
Режани во бакар.
4. За сечило - остар е, сече.
Англиски: cut Албански: prej
Примери:
Овој нож веќе не реже.
5. За пијалак - штипе по јазикот, непцето.
Албански: shtip
Употреба: Гастрономија , Преносно значење
Примери:
Сакаше само вино што реже.
Убава е лимонадава, реже.
6. За ветер - предизвикува чувство на штипење по кожата.
Англиски: whistle Албански: shtip
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кога ќе фати ветрот да реже.
7. За силен звук - предизвикува непријатно слухово чувство.
Англиски: whistle Албански: fishkëlloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само експлозии го режат воздухот.
8. Зборува отворено, без заобиколки.
Албански: haptas
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тој кога ќе стане, само реже.