вдлабат
Вид збор: Глагол, свршен
вреже, втисне
Примери:
Тој вдлаби во стеблото на буката некаков знак.
врежат
Вид збор: Глагол, свршен
Со остар предмет засече, издлаби нешто во тврд предмет.
Примери:
Ги врежаа имињата во карпата.
(се вреже) Добро запамети.
Примери:
Ми се врежа во сеќавањето.
(се) всечат
Вид збор: Глагол, свршен
Со засекување навлезе, се вреже.
Примери:
Реката длабоко се всекла во коритото.
Вид збор: Глагол, несвршен
делкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обработува и обликува камен или дрво со алатки, прави да е соголено и да е мазно.
Примери:
Делка греда.
длабат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врежува ликови, слики во дрво.
Примери:
Длаби резба за олтар.
доделкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изделка до крај.
Албански:
gdhend deri në fund
Примери:
Овој камен треба да се доделка за да добие убава форма.
Заврши со делкање.
Албански:
mbaroj me gdhendje
Примери:
Бочварот доцна вечерта ја доделка кацата.
додлабат
Вид збор: Глагол, свршен
Издлаби до крај.
Албански:
zgafëlloj në tërësi
Примери:
Реката ја додлаби карпата и го прошири своето корито.
Заврши со длабењето.
Албански:
mbaroj zgafëllimin
Вид збор: Глагол, свршен
Изделка нешто недоделкано сосема, до крај.
Примери:
Доизделка и направи многу интересна фигура.
зарежат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи зарез.
Примери:
Стеблото на крушата го зарежа на неколку места.
Вид збор: Глагол, свршен
Направи засек.
Примери:
Во стеблото на буката го засече своето име.
зделкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто со делкање.
Примери:
Зделка прекрасна шупелка.
изгребат
Вид збор: Глагол, свршен
Вреже со гребење.
Примери:
Во клупата го изгреба нејзиното име.
изделкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Делка до оформување на саканиот предмет со делкање.
Примери:
Ученикот изделка со ножот интересна фигура.
Вид збор: Глагол, свршен
Наделка многу, во голема количина.
Примери:
Изнаделка греди за новата куќа.
изрезбарат
Вид збор: Глагол, свршен
Изработи или украси нешто со резбање.
Примери:
Мајсторот изрезбари кутија за накит.
клепаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Делка камен; вреже во камен.
Примери:
Сега неопределениот шум се распозна: клепаа каменоресците.
копаничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Резбари, длаби на дрво.
Примери:
Копаничеа нови облици на сводот.
Вид збор: Глагол, свршен
Делка малку, кратко време.
Примери:
И тој поделка една греда колку да се пофали.
Вид збор: Глагол, свршен
Делка малку, или малку повеќе.
пределкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изделка нешто повторно, поинаку.
Примери:
Ја пределка фигурата.
режат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изработува резба, дела, делка.
Примери:
Тој го режеше иконостасот.
резбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Длаби, реже, копаничи, обично во дрво.
Примери:
Тој цела ноќ резбаше во дрвото.
резбарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави резба.
Примери:
Резбари олтар.
Вид збор: Глагол, несвршен
траншираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Мајсторско сечење на печено месо.