самотија
самотијата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3972
1.
Живеење сам, одделено од луѓето, без општење со некого.
Англиски:
loneliness
Албански:
vetmi
Таков беше човекот, сакаше самотија.
(разг.) самотија - срамотија.
2.
Отсуство на живи суштества на некое место.
Англиски:
loneliness
Албански:
vetmi
Цари самотија.
Слично со:
осаменост (ж.)
3.
Осамено, оддалечено, пусто место.
Англиски:
isolation
Албански:
izolim, vetmi
Кој ќе живее во таа самотија?
Слично со:
изолација (ж.)