симне
симнат; симни, симнете; симнав, симнаа; симнал; симнат; симнев, симнеа; симнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1326
1.
Премести нешто од повисоко на пониско.
Англиски:
take down
Албански:
marrë posht
Симни ги книгите од полицата.
Ги симнаа пушките.
2.
Сметне некого или нешто од превозно средство или добиче.
Примери:
Го симнале детето од коњот.
Слично со:
сметне (св.)
3.
Откачи нешто закачено; отстрани нешто што покрива некоја површина.
Примери:
Симне седло.
Симнете ја церадата од камионот.
Ги симна очилата.
5.
Ослободи од облека.
Примери:
Симни го палтото.
Ја симна шапката од глава.
Слично со:
соблече (св.)
6.
Пресече глава, убие.
Примери:
Им ги симнаа главите.
7.
Отстрани од должност, одземе власт.
Примери:
Сиромасите го симнале царот.
Го симнале министерот.
Слично со:
собори (св.)
8.
(се симне) Слезе долу од нешто повисоко.
Примери:
Се симна најпосле и тој од дрвото.
Слично со:
слезе (св.)
9.
(се симне) Слезе од превозно средство или од добиче.
Примери:
Детето не може да се симне од коњот.
Слично со:
слезе (св.)
Изрази
Симне маска некому - разоткрие нечии намери.
Му се симна камен од вратот - му олесна од некој проблем, од некоја тежина.
Му се симне товар од грбот - му олесна од некој проблем.
Некому му се симна некој (нешто) од вратот - му олесна од некој проблем.
Го симна јаремот - се ослободи од ропство, од зависност.
Симне капа - одобри, признае некшто некому, почитува некого.
Му ја симна кожата од грбот - го ограби, му зеде сè, го одере.
Му се симна превез од очите - му станаа јасни работите.
Од ортома симнат - многу лош човек.