сипе
сипат; сипи, сипете; сипев; сипеа; сипе; сипен; сипејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 15237
1.
Налева течност во нешто.
Англиски:
pour
Албански:
hedh, mbush
Сипе вино во чашите.
Слично со:
налева (несв.)
2.
Истура, префрлува нешто сипливо од сад, вреќа во нешто друго, на друго место.
Примери:
Сипе песок во варта.
Сипе жито.
4.
Испраќа, истура нешто во големо количество.
Примери:
Сипат искри.
Сипат удари.
Сипе навреди.
Сипе цитати.
Сипат куршуми.
5.
(се сипа) се истура
Примери:
Брашното се сипе од вреќата.
Се сипе земјата.
По желба се сипа пченкарното брашно со постојано мешање.
6.
(се сипа) Лета на сите страни.
Примери:
Искри се сипат.
Куршуми се сипат.
Слично со:
лета (несв.)
7.
(се сипа) За ткаенина - се растура по краиштата, се реси.
Примери:
Се сипат килимите.
Слично со:
растура (несв.)
8.
(се сипе) се рони
Англиски:
crumble
Земјата се сипе, немаше многу дожд оваа година.
Слатките се сипеа повеќе одошто требаше, не ги погодив.
Слично со:
рони (несв.)