spray - онтологија

запраши повеќе

запрашат
Вид збор: Глагол, свршен
За земја, насад - посипе со прашок заради уништување на штетни инсекти.
Албански: spërkat
Употреба: Земјоделство
Примери:
Отидоа да го запрашат лозјето.

напраши повеќе

напрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Посипе со прашок.
Албански: pluhëroj, hudh pluhur
Примери:
Ги напрашив цвеќињата против вошки.

напрска повеќе

напрскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со прскање наводени, навлажи, извалка некого или нешто.
Албански: stërpik, spërkat
Примери:
Ја напрска кошулата за пеглање.
(се напрска) Се наводени, си нанесе течност со прскање.
Албански: stërpikem, spërkatem
Примери:
Cи се напрскал на кошулата.

ороси повеќе

оросат
Вид збор: Глагол, свршен
Испрска со капки вода, натопи.
Албански: lagë, vesoj
Примери:
Другарите му го оросија челото со вода и го освестија.

праши повеќе

прашат
Вид збор: Глагол, несвршен
За земја, насад - посипува со прашок заради уништување штетни инсекти.
Албански: pluhëroj
Примери:
Прашат против комарци.

прска повеќе

прскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши заштита нанесувајќи ситни капки хемиски раствор.
Албански: spërkat
Примери:
Секоја година тој го прскаше лозјето со заштитни средства.

прсне повеќе

прснат
Вид збор: Глагол, свршен
(се прсна) Се растури на многу страни, разбега.
Албански: shpartalloj
Примери:
Се прснавме на разни страни по планината.

распраши повеќе

Види и: праши (несв.)
распрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Врши прашење.

распрска повеќе

Види и: распрсне (св.)
распрскаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распрска) Почне многу да прска.
Албански: stërpik shumë
Примери:
Многу си се распрскал.

распрскува повеќе

Види и: распрска (св.)
(се) распрскуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) распрснува
Примери:
Сѐ се распрскува и смрди, не се стои понаблиску.

роска повеќе

роскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Роси по малку, сосема малку.
Примери:
Почна да роска некаков дробен дожд.

сипе повеќе

сипат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се сипа) Лета на сите страни.
Албански: spërkat
Примери:
Искри се сипат.

спрсне повеќе

спрснат
Вид збор: Глагол, свршен
испрска
Албански: stërpik, spërkat
Употреба: Ретко
Примери:
Ја спрсна малку момата.

шприца повеќе

шприцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
прска, штрца
Германски: spritzen Албански: stërpik, sprucoj

шприцне повеќе

шприцнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прсне, распрсне мирис, спреј и сл.
Германски: spritzen
Примери:
Шприцнав освежувач во собата.