сипе
сипат; сипи, сипете; сипав, сипаа; сипал; сипан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 28296
1.
Налее течност во нешто.
Примери:
Сипи ми една чаша вода.
Домаќинката им сипа врела чорба секому по една црпалка.
Слично со:
налее (св.)
2.
Тури нешто ситно, прашесто (шеќер, сол, брашно) во нешто или врз нешто.
Примери:
Сами нека си сипат шеќер во кафето.
Слично со:
тури (св.)
3.
(се сипе) се растури, се разбега
Примери:
Стадото ти се сипало.
По еден час масата народ се сипа, останаа само неколкумина.
4.
(се сипе) Се покрие со сипка.
Примери:
Се сипале децата по снагата.
5.
(се сипе) Се нафрли врз некого.
Примери:
Ќе му се сипат нему.
Кучето им се сипа на гостите уште пред да влезат во дворот.