скроти
скротат; скротил; скротен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5473
1.
За животно - смири, направи да стане покорно, послушно.
Примери:
Успеа да го скроти лавот.
Ја скротил мечката.
Слично со:
смири (св.)
2.
За чувство - смири, надвие.
Примери:
Скроти го својот гнев.
Ги скроти страстите.
Слично со:
надвие (св.)
3.
(се скроти) За животно - стане покорно, послушно, се смири.
Примери:
Се скротија ѕверовите.
4.
(се скроти) се успокои, се смири
Примери:
Се врати дома и се скроти.
Се скроти ветрот.
Веднаш морето се скротило.
Слично со:
успокои (св.)