а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слободен

слободни
Вид збор: Придавка
Ранг: 695
1. Кој не знае за гнет, ропство, експлоатација.
Англиски: independent Албански: i lirë
Примери:
слободна држава
слободен народ
слободен живот
2. Кој се наоѓа на слобода, кој не е затворен.
Англиски: free Албански: i lirë
Примери:
По толку години поминати в затвор сега беше слободен.
3. Кој располага сам со себе, кој не е сврзан со никакви ограничувања, непопречуван, неограничен.
Англиски: free Албански: i lirë
Примери:
слободна волја
слободен дух
слободен избор
Тој си е сега слободен човек.
слободно уверение
4. Кој се одвива без пречки, кој не е забранет.
Англиски: allowed Албански: i lirë
Примери:
слободен пристап
слободен пат
5. Кој не знае за прегради, ограничувања; за кој не важат определени правила, норми.
Англиски: unrestricted Албански: i lirë
Примери:
слободна љубов
слободен стих
слободни форми
6. Кој не е стеснет, за кој нема ограничувања.
Англиски: free Албански: i lirë
Примери:
слободни избори
слободна трговија
Слободна размена на мислења.
7. Кој се извршува лесно, без тешкотии.
Англиски: easy Албански: i lehtë
Примери:
слободно дишење
8. Кој не се стеснува, природен, непринуден.
Албански: i lirë
Примери:
слободно држење
9. Кој не е зафатен со некаква работа.
Англиски: free Албански: i lirë
Примери:
Попладне сум слободен и можам да одам на кино.
10. Кој не е пополнет, празен; кој не е моментално во употреба; за време - кој не е исполнет со некаква работа.
Англиски: free Албански: i lirë
Примери:
слободна маса
слободно пространство
слободен стан
слободно место
слободен телефон
слободно време
слободен ден
слободен час
Изрази
Влез слободен - без плаќање.
(спорт.) Слободен удар - казна во фудбалот.
Слободен уметник - уметник кој не е на месечна плата.
Слободна професија - деловност без потреба за регистрирање компанија.
Слободни цени - нерегулирани цени кои слободно се формираат.
(физ.) Слободно паѓање - вертикално движење на телата под дејство на Земјината тежа.
Слободен превод - превод кој не настојува прецизно да одговара на оригиналот.
(екон.) Слободна економска зона - дел од територијата на една држава ослободен од царински давачки.
Слободен ден - без работни обврски, без обврска да се биде на работното место.
Изведенки
слободност ж.