слуша
слушаат; слушал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 163
1.
Прима со слух гласови или звучи.
Примери:
Слушаше како пеат пилињата.
Слуша музика.
Слуша предавања.
Слуша пренос по радио.
Слично со:
чуе (св.)
2.
(обично за лекар) Ја преслушува состојбата и работата на некој внатрешен орган.
Примери:
Убаво го прегледа: му го слушаше срцето, градите.
3.
Присуствува на нечии предавања.
Англиски:
attend
Албански:
ndjek, dëgjoj
Слушаше само математика и физика.
4.
Прима нечии совети, желби, послушен е.
Англиски:
obey
Албански:
i ndëgjueshëm
Никого не слуша тој.
Слушај ги постарите.
Децава не слушаат.
Не го слушаше татка си.
5.
(само заповедно) Обрат во почетокот на разговорот за привлекување на вниманието на собеседникот.
Примери:
Слушај, ќе ја наредиме ние некако работата.
„Слушај ќерко“ - почнала бабата.
7.
Знае по слушање, има податоци.
Примери:
Слушам дека си бил во странство.
Слушаме добри зборови за тебе.
9.
(се слуша) Прима со слух свои снимени предавања, изведби и сл.
Примери:
Се слушаше и се анализираше.
10.
Прима совети еден од друг.
Примери:
Се слушаше и добро живееше.
11.
(се слуша) се разнесува, звучи
Примери:
Се слушаше песна.
Се слушаше смеа.
Слично со:
звучи (несв.)
Изрази
(посл.) Не слушај гаталец, ами паталец.