берат
Вид збор: Глагол, несвршен
собира, збира, содржи
Примери:
Оваа торба бере пет кила компири.
вдомат
Вид збор: Глагол, свршен
Најде дом за некого.
Примери:
Драматичарот ја раширил својата палета за да може да ги вдоми сите бои и тонови на злата судбина.
влезат
Вид збор: Глагол, свршен
Смести нешто на или во определен простор.
Примери:
Креветот едвај влезе во сопчето.
денат
Вид збор: Глагол, несвршен
сместува, скрива
Примери:
Зошто нас да нѐ денат таму?
здомат
Вид збор: Глагол, свршен
Снабди некого со куќа или стан или најде сместување.
зимаат
Вид збор: Глагол, несвршен
зафаќа, зазема, собира
Примери:
Кацава зима сто ведра.
Вид збор: Глагол, свршен
Пригоди, спреми малку, донекаде некого или нешто.
Примери:
Таа сакаше да им попригоди ручек на гостите.
Приспособи малку, донекаде.
Вид збор: Глагол, свршен
Угоди малку или уште малку.
примат
Вид збор: Глагол, свршен
Обезбеди престој, ноќевање, засолниште и сл.
Примери:
Тој замоли да го примат само една вечер на спиење.
За просторија - збере, собере.
Примери:
Ресторанот може да прими стотина гости.
прифатат
Вид збор: Глагол, свршен
Прими, згижи некого на некое време, даде засолниште некому.
Примери:
Нашата држава ги прифати бегалците.
разместат
Вид збор: Глагол, свршен
Распредели по места, најде секому место, смести.
Албански:
akomodoj, përshtat
Примери:
Најпрво ги размести војниците.
рашират
Вид збор: Глагол, свршен
(се рашири) Се смести во пошироко живеалиште.
Примери:
Ја поправивме куќата, се раширивме малку.
сместат
Вид збор: Глагол, свршен
Најде некому место за живеење.
Албански:
vendos, strehoj
Примери:
Го смести брата си во нов стан.
(се смести) Најде место за живеење, се усели.
Примери:
Се сместија на вториот кат.