а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спадне

спаднат; спадни, спаднете; спаднав, спаднаа; спаднал; спаднат; (ќе) спаднев, (ќе) спаднеа; (ќе) спаднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23710
1. Стане помал, понизок.
Англиски: diminish Албански: zvogëlohet
Примери:
Му спадна веќе отокот.
Да му спадне малу мевот.
2. (за цена) - се намали
Англиски: decrease Албански: zbrit, zvogëlon
Примери:
Спаднаа цените на зеленчукот.
Ноќеска температурата ќе спадне.
Изрази
Спадна многу ниско - лошо, нечесно постапи.
Спадне на ниски гранки - пропадне, изгуби висока позиција.